Изгоре обновениот Кралски конак во манастирот Свети Прохор Пчински. Иако огнот е изгаснат пожарникарите се уште дежураат на терен.
Изгоре обновениот Кралски конак во манастирот Свети Прохор Пчински. Иако огнот е изгаснат пожарникарите се уште дежураат на терен.
Пожарот избувнал утрово во 10.20 часот, изгореле 80 проценти од конакот, јавуваат срспките медиуми, кој бил во фаза на реновирање.
Портпаролот на полициската управа во Врање, Драги Стаменковиќ рече дека според досегашните сознанија нема човечки жртви и дека противпожарните екипи се на терен.
Изгорел покривот, но причината за избувнување на пожарот засега е непозната.
Манастирот се наоѓа на непристапен терен во подножјето на планината Козјак не границата меѓу Македонија и Србија, на 30 километри јужно од Врање. Манастирскиот комплекс потекнува од 11 век.
Во Прохор Пчински на 2 Август 1944 година се одржало Првото заседание на АСНОМ.
Според преданието, манатирот го изградил византискиот цар Поман Диоген во знак на брагодарност кон Свети Прохор Пчински кој му прорекол дека ќе стане цар.
Манастирот е културно-просветен центар, во чии рамки функционира богословско училиште, препишувачко-илуминаторска работилница, а се одржува и учење на иконописниот занает.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град