Омикрон присутен во 68 отсто од секвенционираните примероци

Омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.

 |   | 

Омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.

Министерството за здравство информира дека во периодот од 5-ти до 10-ти јануари направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68%) е детектиран Омикрон.

Омикрон сојот е откриен во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – седум, Тетово – шест, Велес – пет, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по два и Виница, Неготино, Битола по еден заразен.

Согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51 процент е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани сe 8.308 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, за 3,1 пати повеќе во однос на минатата недела (n=2.641). Процентот на позитивност се движи од 8,9 до 22,9, просечно 15,9 отсто. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (61,3%).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top