Охридските плажи под закуп

Неколку месеци пред стартот на туристичката сезона 15 плажи на охридското крајбрежје, кои се сопственост на државата, ќе добијат концесионери.

plaza
плажа

Министерството за транспорт и врски распиша јавен конкурс за нивно давање под краткотраен закуп, а меѓу нив се и најатрактивните кај Билјанини Извори, Канео, Горица, Лагадин, Корали, Елешец, Лабино и Грашница.

– Со давањето под краткотраен закуп на плажите се овозможува нивно уредување согласно современите туристички стандарди и овозможување на сите предуслови за подобар престој на туристите, со што ќе се создаде поволна слика за дополнителен туристички развој – вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

plazaЗакупците кои ќе ги добијат плажите се должни до 1 јуни да исполнат неколку обврски услови, меѓу кои да ги уреди според одредени упатства, со што 40 до 60 отсто од просторот да го остави слободен, без лежалки и реквизити. Исто така, закупците нема да смеат да наплатуваат за влез на плажата. Најповолните понудувачи за закуп на плажите кај Билјанини Извори, Горица 3 и Грашница ќе бидат обврзани на своја сметка да постават мали пристаништа најдоцна до 15 јуни, согласно акцискиот план за монтирање мали пристаништа на езерата во Македонија.
Рокот за пријавување на заинтересираните е 12 април, а почетната цена на јавното наддавање е 80 денари за квадратен метар за плажите во Охрид и пет денари за квадрат за плажата во Дебарца. Електронското наддавање за сите 15 плажи ќе се одржи на 18 април

Во тек е и јавен повик за сите сопственици на угостителски објекти пред кои е предвидено плажа на крајбрежјето на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро и за кои се исполнети условите за доделување краткотраен закуп, најдоцна до 30 овој месец да достават до Министерството за транспорт и врски барање да го добијат под закуп со непосредна спогодба.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top