Првите луѓе на полициите на земјите од регионот денеска во Охрид ќе го започнат тридневниот работен состанок.
Првите луѓе на полициите на земјите од регионот денеска во Охрид ќе го започнат тридневниот работен состанок чија цел е продлабочување на меѓународната соработка во справувањето со недозволената трговија со дрога и со луѓе, како и за размената на информации и искуства во борбата против тероризмот.
На регионалниот состанок чиј домаќин е македонското МВР, односно директорот на Бирото за јавна безбедност, генерал Љупчо Тодоровски, поканети се директорите на полициите на Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и на Словенија.
Како што информира МВР, Тодоровски на собирот ќе предложи полицискиот центар за обука во Идризово да им биде ставен на располагање и на останатите полиции во регионот со што би прераснел во регионален центар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град