Во Охрид регионална конференција за полициската обука

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е домаќин на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ што од денес до 19-ти месецов ќе се одржи во Охрид.

LOGO
ЛОГО

обукаМинистерството за внатрешни работи на Република Македонија е домаќин на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ што од денес до 19-ти месецов ќе се одржи во Охрид.

На конференцијата ќе учествуваат повеќе претставници од центрите за полициска обука на Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција како и преставници на САД и ЦЕПОЛ.

На средбата, претставници на полициите на земјите од регионот ќе презентираат и разменат искуства за техниките и начините на спроведување на основната полициска обука кои внесуваат додадена вредност во стекнувањето вештини и знаења на кандидатите за полициски службеници.  Центарот за обука во рамките на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е носител на основната обука за полицаец заснована на програма што ги задоволува критериумите за квалитет на национално и меѓународно ниво.

Регионалната конференција “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ во Охрид се одржува по иницијатива на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија со поддршка на ИЦИТАП програмата при амбасадата на САД и мисијата на ОБСЕ во земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top