Одлуката ќе падне во вториот круг

Неделните избори во Македонија минаа во демократска атмосфера, со висок одзив и незначителни нарушувања, а новиот шеф на државата ќе биде избиран во вториот круг.

Неделните избори во Македонија минаа во демократска атмосфера, со висок одзив и незначителни нарушувања, а новиот шеф на државата ќе биде избиран во вториот круг.

Според прелиминарните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) претседателскиот кандидат на владеачката ВМРО – ДПМНЕ Ѓорге Иванов освои 37, 37 насто од гласовите.

Кандидатот на опозициониот СДСМ Љубомир Фрчковски е на второ место со 19,74, а на трето е независниот кандидат Љубе Бошковски со 16, 54 насто од гласовите.

glasanjeМеѓу кандидатите од партиите на Албанците уверливо на прво место е Имер Селмани, пред Агрон Буџаку и Мируше Хоџа, а најмалку гласови освои кандидатот на ЛДП Нано Ружин.

Податоците на ДИК), објавени после полноќ, се врз основа на обработени 37 насто од избирачките места, каде што излезноста била 58,16 насто.

Државната изборна комисија најави дека првичните прелиминарни резултати ќе ги објави попладнево.

{loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top