Европската унија го одложи донесувањето на одлуката за почеток на преговори со Македонија за наредната година, потврди комесарот за проширување во ЕУ, Оли Рен по завршување на состанокот на Советот на министрите на ЕУ во Брисел.

– Советот на министрите на ЕУ констатира дека Комисијата препорача започнување на претпристапни преговори со Република Македонија и ќе го разгледа тоа прашање во време на следното претседателство на Унијата во тек на шпанското претседателство, почнувајќи од 1-ви јануари 2010, рече на прес-конференција Оли Рен.
Шефовите на дипломаттите на ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел, по дводневна расправа денеска решија тоа прашање да биде повторно разгледано во текот на шпанското преседавање со Унијата.
Иако повеќето од членките на ЕУ беа за одредување датум за старт на преговорите, тоа, сепак е одложено поради противењето на Грција која инсистира на претходно решавање на спорот за името со Макеоднија.
Следниот преседавач на ЕУ Шпанија оваа ротирачка функција ќе ја врши од 1 јануари до 30 јуни 2010 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град