Одложен концертот на „Архангел“

Концертот на култниот македонски бенд „Архангел“ е одложен за 20 декември, соопштија организаторите „План Б продукција“.

Risto Vrtev
Ристо Вртев

Концертот на култниот македонски бенд „Архангел“ е одложен за 20 декември, соопштија организаторите „План Б продукција“. Настанот беше закажан за 26 октомври во салата „Борис Трајковски“. Заедно со „Архангел“ треба да настапи и Македонската филхармонија.

Risto VrtevОрганизаторите велат дека наскоро ќе испратат дополнително соопштение за датумот кога би биле пуштени влезниците во продажба. Концертот е најавен како своевиден рок-спектакл, со повеќе од 60 музичари на бина.

„Рок-звуците на ‘Архангел’ во комбинација со сериозноста на звуците на Филхармонија ќе ѝ дадат сосема поинаков шарм на таа вечер. По спектакуларниот концерт во 2011 година, време е најголемата македонска рок-група на сцена да доживее нешто поинакво. Нешто оригинално и уникатно. Нешто што ќе потсетува на целата кариера и на сите успеси на бендот“, стоеше во соопштението на организаторите во првата најава за концертот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top