Одбиени жалбите на СЈО

Дефинитивно нема притвор за Миле Јанакиески, Едмонд Темелко и уште две од вкупно деветте осомничени лица во случајот „Титаник“, пренесува „Телма“.

tabla

Дефинитивно нема притвор за Миле Јанакиески, Едмонд Темелко и уште две од вкупно деветте осомничени лица во случајот „Титаник“, пренесува „Телма“.

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 попладнево одби четири од жалбите, кои Специјалното јавно обвинителство ги поднесе откако судиите во претходна постапка, по маратонските испитувања во петокот и во понеделникот, ги одбија сите барања за одредување мерка притвор на осомничените.

Кривичниот совет составен од тројца судии, по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството, во кој како членови на совет учествуваа сите судии од Одделот за организиран криминал и корупција, донесе решение со кое жалбите на Специјалното јавно обвинителство, за лицата Е.Т., М.Ј., М.П. и К.М. се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува.

obvinitelkiОд судот информираат дека решенијата се веќе изработени и доставени до странките во случајот, кои против нив немаат право на жалба. Останува неизвесно кога Кривичниот совет ќе одлучува и по жалбите на обвинителството на Јанева за останатите пет осомничени за изборни измами, на кои исто така не им беше изречена мерка притвор. Меѓу нив се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и актуелниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Ниту еден од блиските соработници на Груевски, по излегувањето од распитот, не сакаше пред медиумите да ја коментира истрага која за нив ја води Специјалното обвинителство.

Судиите во претходна постапка им изрекоа мерки за претпазливост, единствено на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кој треба еднаш неделно да се јавува во судот во Ресен, како и на поранешниот секретар на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури. Специјалното јавно обвинителство, одбиените барања за притвор, на својата Фејсбук страница, ги оквалификува како пропуштена шанса на Кривичниот суд да се запише во историјата. Од таму најавија дека продолжуваат со истрагата и не ја отфрлија можноста во понатамошниот тек на случајот повторно да се бара притвор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top