Одбележување на годишнината од смртта на претседателот Трајковски

Со проекцијата на документарниот филм „Сеќавање за Борис“ Македонија денеска започнува со одбележувањето на петтата годишнина од загинувањето на претседателот Борис Трајковски.

Boris Trajkovski
Борис Трајковски

Со проекцијата на документарниот филм „Сеќавање за Борис“ Македонија денеска започнува со одбележувањето на петтата годишнина од загинувањето на претседателот Борис Трајковски.

Претседателот Трајковски го загуби животот на 26 февруари 2004 година заедно со осуммина соработници и членови на екипажот во авионска несреќа во Босна и Херцеговина.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска вчера најави проверка на анализите на воздухопловните експерти за несреќата, со претпоставка дека ќе се дојде до нови информации врз основа на кои Обвинителството ќе отвори нови истрага.

Собранието лани формираше Анкетна комисија за утврдување на околностите на несреќата. Претходно во 2008 година, Обвинителство го одби барањето на Министерството за внатрешни работи да се отвори повторно истрага за несреќата, со образложение дека нема нови докази за повторување на истражната постапка.

pogrebМакедонското Собрание најави дека утре ќе биде положено цвеќе на гробот на претседателот во Алеја на Великаните, на градски гробишта –Бутел во Скопје.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски утре по повод годишнината ќе им се обрати на пратениците. Одбележувањето ќе биде проследено и со меѓународен младински лидерски форум во Скопје.

Авионот со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар.

Заедно со претседателот загинаа, советниците во Кабинетот, Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан-Лозановска, Миле Крстевски од МНР, членовите на обезбедувањето на претседателот Борис Велинов и Аце Божиновски и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top