Од полноќ бензините поевтини за 3,5 денари, а дизелот за 4

Откако минатата недела цената на нафтените деривати достигна рекордно високо ниво, Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ги намали цените.

 |   | 
benzin
benzin

Откако минатата недела цената на нафтените деривати достигна рекордно високо ниво, Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ги намали цените. Малопродажната цена на горивата ќе се намали од ноќеска на полноќ – бензините поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот 4 денари. Литар Евросупер БС-95 ќе чини 77 денари, а Евросупер БС-98 ќе се продава за 78,50 денари. Евродизелот, откако поевтини четири денари, сега ќе се продава за 65,50 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство доби нова цена од 54 денари за литар. Мазутот стана поевтин за 3,179 денари за килограм, со што сега чини 39,548 денари.

По минатонеделниот ценовен шок, предизвикан од враќањето на акцизите, навистина е несфатливо зошто цената падна само толку. Регулаторите ја одредуваат како однос на движењето на цената на нафтата на светските берзи и односот на доларот кон еврото во изминатите две недели. Нафтата доживеа пад од 7,66 отсто во изминатите 14 дена и овој тренд се очекува да продолжи, а за 0,43 отсто се намали курсот на денарот во однос на доларот. Наредната корекција на цените би требало да се случи за две недели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top