Денеска започнува примената на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во моторните возила.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека, согласно Законот за безбедност во сообраќајот, возачите мора да имаат зимска опрема во возилата се` до петнаесетти март идната година.
„Согласно пропишаните норми, униформираните полициски службеници ќе наредат на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, согласно законските одредби униформираните полициски службеници може да наредат возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема“, соопшти МВР.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град