Од денес се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности кои имаат помал ризик

Владата на последната седница го донесе Планот за попуштање на рестриктивните мерки, како процес кој би се одвивал во три фази, согласно развојот на епидемиолошката состојба.

 |   | 

Владата на последната седница го донесе Планот за попуштање на рестриктивните мерки, како процес кој би се одвивал во три фази, согласно развојот на епидемиолошката состојба.

Првата фаза е тековното функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење.

Втората фаза, како транзициона фаза, е иницијално воспоставување на работните активности со почитување на препорачаните мерки и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на КОВИД-19, и

Трета фаза, која предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните превентивни, против епидемиски мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.

Ова значи, дека дури и во третата фаза, кога ќе се воспостви целосна функционалност во сите сектори, обврските ќе се извршуваат во поинакви услови, согласно новата реалност, со што новото секојдневие станува и нова нормалност.

Во првата недела од олабавувањето на мерките, односно од денес, ќе започнат да се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности кои имаат помал ризик, и тоа:

– Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје,

– Центри за едукација, обуки и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции,

– Авто школи,

– Спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови,

– Спортски и други обложувалници преку шалтер,

– Затворени трговски центри-молови, без угостителските објекти во нив.

За да се постигне максимална ефикасност, и максимална заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи за работа на секоја од овие дејности.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top