Обраќање на Иванов на 64-то Генерално собрание на ОН

Иванов ќе има обраќање на главната дебата на Генералното собрание, а ќе учествува и на повеќе други форуми на Светската организација.

George Ivanov
Ѓорге Иванов

Иванов ќе има обраќање на главната дебата на Генералното собрание, а ќе учествува и на повеќе други форуми на Светската организација.
Иванов, ќе има обраќање на главната дебата на Генералното собрание, ќе учествува и на повеќе други форуми на Светската организација, а предвидени се и серија билатерални средби.


UN
Контактите со многубројните странски државници, меѓународни претставници и дипломати ги почнува утре со средбите со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со емирот на Катар Шеик Хамад бин Калифа Ал Талини. Иванов ќе се сретне и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, ќе присуствува на приемот што го организира американскиот претседател Барак Обама, а на покана од поранешниот прв човек на САД Бил Клинтон, ќе учествува и на петтиот годишен состанок на Клинтон глобалната иницијатива.
Посетата на Њујорк ќе биде искористена и за консултации со посредникот во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц. Средба со Нимиц треба да има и шефицата на дипломатијата на Грција Дора Бакојани, која ќе ја предводи грчката делегација на Генералното собрание, но нејзиното доаѓање во Њујорк е неизвесно поради здравствени причини. Засега нема најави за евентуална директна средба меѓу македонската и грчката делегација.
Иванов во Њујорк ќе разговара и со претставници на Американско-еврејскиот комитет и на Националниот албанско-американски совет. Престојот во САД ќе го заокружи со средба со македонски иселеници во Њу Џерси.
Генералното собрание е главниот советодавен орган на ОН, а го сочинуваат претставници на сите земји членки на Светската организација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top