Министерството за здравство ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори во јавните здравствени установи.
Министерството за здравство ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори во јавните здравствени установи, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на ЈЗУ.
Како што соопшти Министерството, станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец февруари од универзитетските клиники, специјални, клинички и општи болници во државата кои со покажаните резултати во работењето претставуваат движечка сила во своите институции и се успешни професионалци кои секојдневно со својот ангажман посветено придонесуваат за обезбедување што подобри и поквалитетни здравствени услуги за пациентите и воопшто за унапредување на здравствениот систем во Македонија.
Меѓу нив се и седум доктори од здравствените установи во Охрид и четворица од болниците во Струга.
Сите наградени доктори, како што се наведува, стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“, добиваат парична награда од 30.000 денари и истовремено имаат право на вршење дополнителна дејност во матичната институција каде работат, како и во останатите јавни здравствени установи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град