Новогодишна честитка од претседателот до граѓаните на Македонија

Претседателот на државата Ѓорге Иванов со новогодишна  честитка до граѓаните во која им посакува  многу здравје, радост, среќа во Новата 2010 година.

Gorge Ivanov
Ѓорге Иванов

Претседателот на државата Ѓорге Иванов со новогодишна  честитка до граѓаните во која им посакува  многу здравје, радост, среќа во Новата 2010 година.

Период кога го славиме раѓањето на една нова година, дава нова надеж, дека убавите работи од минатата година ќе траат, а лошите нешта да  не се повторат.
Во истата, Иванов напишал дека зад себе оставаме една година на значајни настани, една значајна деценија. Во годината во која влегуваме поцврсто да се обединиме и да ги оствариме нашите заеднички интереси за доброто на државата.

“Влегуваме во година во која, за првпат по долго време, ќе можеме слободно да патуваме. Во која позитивните оценки од спроведените реформи, признанието кое долго време го очекувавме, ќе продолжи да го надградува угледот на нашата земја во светот. Нашата цврста определба за целосно интегрирање на Македонија во големиот заеднички пазар на Европа, во евро-атланските системи на политичко пријателство и помагање во сферата на безбедноста, ќе не водат и во годината која доаѓа. Влегуваме во година во која, со искрени и срдечни односи со нашите соседи, ќе продолжиме да го градиме нашиот углед и во регионот. Во која нашите мировници, нашите дипломати, стопанственици и уметници, ќе го шират сознанието за Македонија, нашата посветеност кон мирот, нашите вредности и нашата култура и традиција. Влегуваме во година во која, повеќе од било кога, е важно да се здружиме и да го препознаеме нашиот голем, заеднички интерес. Сите заедно да се гордееме со нашата отворена и мултикултурна, развиена и достоинствена земја Македонија. Благословот на оваа земја е што во празничните денови како овие денес, можеме сите заедно, со своите обичаи, култури и традиции, да седнеме заедно. Да се обединиме околу иднината која ја сакаме за себе.“, стои во честитката.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top