Нов пад на цената на бензините

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

pumpa
пумпа

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

пумпаЕуросуперот БС – 95, Еуродизелот и естра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а Еуросуперот БС – 98 за 1 денар.

Еуросуперот БС – 95 ќе се продава за 60,50 ден/лит, Еуродизелот за 51 ден/лит, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 40 ден/лит.

Малопродажната цена на Еуросуперот БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,556 ден/кг и ќе се продава за 22,892 ден/кг.

Намалувањето на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи и на тоа што курсот на денарот бил повисок во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top