Никола Ристановски снима филм во Подгорица

„Малиот бог на љубовта” е насловот на долгометражниот игран филм што во режија на Жељко Сошиќ денеска треба да почне да се снима во Подгорица.

 |  Maja Савиќ  | 
Ristanoski
Ристаноски

Nikola Ristanoski„Малиот бог на љубовта” е насловот на долгометражниот игран филм што во режија на Жељко Сошиќ денеска треба да почне да се снима во Подгорица.

Филмот е во продукција на Догма студио и Горатон од Црна Гора и Кавал филм од Скопје, а како ко-продуцент се јавува и продуцентската куќа А-Аталанта од Словенија.

„Малиот бог на љубовта” е поддржан од Министерството за култура, спорт и медиуми на Црна Гора, а Филмскиот фонд на Македонија на последниот конкурс, за овој филм одобри средства во висина од три милиони денари.

Во проектот се ангажирани голем број македонски филмски работници, автори и актери. Главната машка улога ја толкува Никола Ристановски, а носечката женска ролја и е доделена на хрватската актерка Нина Виолиќ. Во филмот ќе учестуваат и реномирани актери од Црна Гора и Србија меѓу кои Светлана Бојковиќ, Милан Лане Гутовиќ и Бранимир Поповиќ.

Станува збор за современа урбана приказна во која главниот лик е Македонец, доктор по професија, кој живее удобен живот со својата сопруга во Подгорица, благодарение на наследството кое го добил од своите родители. Сосема неочекувано настанува пресврт во неговиот живот, кога неговата жена ќе исчезне без трага, ќе пропадне банката во која се наоѓаат неговите пари, а полицијата ќе му го одземе пасошот, додека таткото на сопругата го следи и прогонува и никој од пријателите не сака да му помогне.

Филмот поставува хаотични ситуации на машко-женски односи, зборува за стереотипната биолошка страна на половата љубов, за општествените обврски и одговорности на две личности кои живеат во заедница, за емотивниот свет на луѓето во различни животни доба.

Продуцент и извршен продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски, кинематографер Димитар Попов, сценограф Иван Бартлинг, а костимограф Наташа Андонова.

Филмот ќе се снима целосно во Црна Гора, на локации во Подгорица и нејзината поширока околина, а снимањето ќе трае до 24 април. На првата клапа на филмот во центарот на Подгорица ќе бидат присутни и министерот за култура на Црна Гора, Бранислав Мичуновиќ, а поканети се и претставници од Филмскиот фонд на Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top