Невработените имаат повеќе од месец да се пререгистрираат во ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување повика повторно да се регистрираат невработените лица и лицата кои лани добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и за своето семејство.

logo
лого

Фондот за здравствено осигурување повика повторно да се регистрираат невработените лица и лицата кои лани добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и за своето семејство.

logo– Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнувајќи од 1 февруари 2013 заклучно со 31 март 2013 година, ги повикуваме сите лица кои согласно законот ги исполнуваат условите, да дојдат да се регистрираат. Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2012 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот според местото на живеење, изјави Џемали Мехази, директор на Фондот.

Невработените лица носители на здравствено осигурување потребно е да се пререгистрираат во подрачните служби на ФЗОМ.

– Половина месец од започнувањето на пререгистрацијата само 14.785 лица, од вкупно 228.548 лица носители на здравствено осигурување, односно само 6,47 отсто извршиле пререгистрација, изјави директорот на Фондот.

– Со измените на законот од 1 септември 2011 за невработените лица кои извршиле пререгистрација, буџетот на Република Македонија преку Министерство за здравство ќе продолжи да плаќа за здравствено осигурување, изјави Мехази.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top