Невработените ќе плаќаат за сини картони

Околу 240.000 невработени лица од денеска ќе мора да извршат пререгистрација за да добиваат бесплатни сини картони. Сите невработени ќе треба да пополнат Изјава за приходите кои ги оствариле минатата година, врз основа на што ќе се утврди дали ќе имаат право од 1 септември да добиваат сини картони на товар на државата или сами ќе плаќаат за нив.

 |   | 
sini kartoni
сини картони

sini kartoniОколу 240.000 невработени лица од денеска ќе мора да извршат пререгистрација за да добиваат бесплатни сини картони. Сите невработени ќе треба да пополнат Изјава за приходите кои ги оствариле минатата година, врз основа на што ќе се утврди дали ќе имаат право од 1 септември да добиваат сини картони на товар на државата или сами ќе плаќаат за нив.

Овој процес ќе се врши на шалтерите на подрачните единици на Агенцијата за вработување и на шалтерите на подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување. Изјавите ќе се пополнуваат во наредните два месеци.

Социјална помош, надоместок за телесно оштетување, награди, стипендии и кредити за ученици и студенти, детски додаток, еднократна помош за новороденче и родителски додаток, алиментации, надоместок во случај на смрт и надоместок по основ на невработеност, како и приходи добиени од волонтерска работа, се приходите кои во изјавата не треба да се пријавуваат.

Семејствата кои имаат барем еден вра­бо­тен член, нема дополнително да плаќаат за сини картони, зашто тие и по­на­та­му ќе бидат осигурани преку тој што е вработен.

Семејствата со невработени што имаат годишни приходи од 132.000 до 182.000 денари, за сини картони ќе плаќаат по 1.100 денари месечно.

Оние на кои годишниот приход им е повисок од 182.000 , за сини картони ќе плаќаат околу 2.200 денари месечно.

Студентите ќе добиваат сини картони преку родителите, без да се уплатува дополнително за нив.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top