Нетранспаентно трошење на јавните пари

Недоволна отчетност на државните институции за трошењето на јавните пари преку постапките за јавни набавки со што не се почитуваат обврските од Законот за јавни набавки.

javni nabavki
јавни набавки

Недоволна отчетност на државните институции за трошењето на јавните пари преку постапките за јавни набавки со што не се почитуваат обврските од Законот за јавни набавки.

logoОва е само дел од Извештајот за резултатите од редовниот мониторинг на процесот на јавни набавки кој ќе биде презентиран во вторник во Скопје.

Истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации дошло до заклучок дека е зголемен бројот на жалби по јавни набавки од страна на компаниите.

Зголемување имало и на одолговлекувањето на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, а наспроти тоа е регистрирано ублажување на проблемот со поништување на постапките за јавни набавки.

Забележан бил и неколкумесечен прекин на јавното објавување на решенијата на Државната комисија за жалби по јавни набавки што е нејзина законска обврска.
Целта на мониторингот е да оцени колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за  потрошените средства кај набавките.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top