Нема електронско гласање на претстојните избори

Нема да има електронско гласање на претстојните претседателски и локални избори, е заклучокот од денешната лидерска средба, на која 22 март е посочен како потенцијален датум за одржување на изборите.

liderska sredba
лидерска средба

Нема да има електронско гласање на претстојните претседателски и локални избори, е заклучокот од денешната лидерска средба, на која 22 март е посочен како потенцијален датум за одржување на изборите.

Воведувањето електронско гласање на претстојните избори не го поддржа Социјалдемократскиот сојуз, чии што претставници сметаат дека нема доволно време до изборите да се воведе ваквото гласање, како и тоа дека во некои земји каде имало електронско гласање при изборите се појавувале одредени проблеми.

SkopjeСугестијата ја прифати и ВМРО ДПМНЕ, од каде најавуваат дека електронското гласање ќе се разгледува во некои наредни изборни циклуси.

На денешната средба договорено е и наскоро да се формира Комисијата за лустрација која ќе има ротирачко претседателство на секои шест месеци, а во првата ротација претседателот на Комисијата ќе биде од опозицијата.

Премиерот Никола Груевски по средбата посочи дека Владата, иако не е обврзана, ќе ја прекине кампањата по медиумите веднаш штом ќе бидат распишани изборите.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top