Не треба елаборат за откуп на земјиште под зградите

Се поедноставува  процедурата за откуп на дворното земјиште, се намалуваат трошоците и се смалува бројот на документите кои се бараат за приватизација со последните измени на Законот за приватизација на дворното земјиште што ги усвои Владата.

 |  Маја Савиќ  | 
Stavreski
Ставрески

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, новите измени ќе важат и за оние кои веќе ја почнале процедурата за да може Управата поподготвена да излезе во пресрет на граѓаните и новите задачи што ќе ги добие ќе се направи реорганизација на Управата за имотно-правни работи и нејзино доекипирање.

Со измените станарите од станбените објекти кои сакаат да го приватизираат земјиштето нема да треба да поднесуваат елаборат, туку Управата за имотно-правни работи ќе излезе на лице место, ќе го утврди бројот на станови и ќе го подели земјиштето пропорционално на бројот на становите и износот кој ќе треба да го платат за земјиштето.

Останатите станари кои нема да сакаат да го откупат дворното место кога ќе истече рокот ќе плаќаат закуп.

„Втората измена се однесува на олеснување на процедурите и намалување на бројот на документи, односно граѓаните нема да треба да поднесуваат документација за тоа како го стекнале земјиштето, што се покажа како проблем за граѓаните“, рече Ставрески.

Според измените ваква документација ќе треба да поднесат само оние граѓани кои сакаат целосно бесплатно да го приватизираат земјиштето, односно оние што се поранешни сопственици.

Со донесување на законските измени се намалува и бројот на оригинални документи што треба да се поднесат од два на еден оригинал и една копија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top