Предлог за укинување на шенген визите за Македонија, Црна Гора и Србија, на 14 јули ќе усвои Европската комисија(ЕК) во Стразбур.
Предлог за укинување на шенген визите за Македонија, Црна Гора и Србија, на 14 јули ќе усвои Европската комисија(ЕК) во Стразбур.
Предлогот, како што пренесува Макфакс, ќе го образложат еврокомесарот за правосудство и внатрешни работи Жак Баро и еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Истиот ден предлогот ќе биде упатен и на Советот на министри на Унијата и Европарламентот.
Изјава во оваа насока во вторникот во Романија даде и италијанскиот шеф на дипломатијата Франко Фратини.
„Се надевам дека за неколку недели ќе биде либерализиран визниот режим за три значајни земји на Западен Балкан: Србија, Црна Гора и Македонија“, изјави Фратини по средбата со неговиот романски колега Кристијан Дијаконеску.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град