Во Македонија наскоро ќе се изведуваат кадаверични трансплантации

Во Македонија нема официјална бројка колку пациенти чекаат за трансплантација на бубрег.

transplantacija
трансплантација

Во Македонија нема официјална бројка колку пациенти чекаат за трансплантација на бубрег. Од здружението за бубрежно болни граѓани, „Нефрон“ велат, пациентите од внатрешноста треба да доаѓаат до Скопје, само за земање крв.

Доколку се овозможи таа услуга да ја имаат и во центрите за дијализа, не само што ќе им се олесни животот на бубрежно болните, туку и побрзо ќе бидат евидентирани пациентите кои чекаат за трансплантација на бубрег.

Од Фондот за здравствено осигурување потврдуваат дека е тешко да се даде точна бројка, но проценуваат дека една третина од вкупниот број пациенти на дијализа чекаат за трансплантација.

transplantacijaВо Македонија се уште не се изведува трансплантација на бубрег од нежив донор, иако надлежните уверуваат дека се подготвени.

На одбележувањето на десет годишнината од формирањето на здружението Нефрон, бубрежно болните укажуваат на потребата од трансплантации на органи од починати дарители.

Македонија е лидер во регионот по извршени трансплантации на бубрег од жив донор, но кадаверична трансплантација на бубрег во земјава се уште не е направена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top