Наместо дефектолози, педагози и психолози

И покрај напорите што ги прави општеството последниве години за интеграција на луѓето со Даунов синдром, од она што го видовме на терен – резултатите се дискутабилни. Инклузијата се спроведува стихијно, а постојат низа проблеми и во системот на здравствена и социјална заштита.

defektolozi
дефектолози

И покрај напорите што ги прави општеството последниве години за интеграција на луѓето со Даунов синдром, од она што го видовме на терен – резултатите се дискутабилни. Инклузијата се спроведува стихијно, а постојат низа проблеми и во системот на здравствена и социјална заштита.

deteИнклузијата на децата со попреченост, вклучувајќи ги и децата со Даунов синдром, се спроведува само на ниво на одлука редовните училишта да запишуваат и деца со пречки во развојот, бидејќи нема вработени дефектолози што би им асистирале при наставата. Некои родители инклузијата ја финансираат од свој џеб, додека многумина, според она што го видовме, не се одлучуваат на овој чекор поради финансиската неможност да си дозволат ваков луксуз. За продолжување на школувањето на лицата со попреченост, иако сѐ уште ограничени, опциите полека се зголемуваат. Во државава постојат повеќе средни специјални училишта каде што овие ученици се остручуваат за некој занает, а неретко вратите ги отвораат и редовните средни училишта. Што се однесува до социјалната заштита, и покрај правото на посебниот додаток што им следува на семејствата што имаат дете со Даунов синдром до неговата 26-годишна возраст, голем дел семејства не ја добиваат оваа помош бидејќи не се информирани дека имаат право на неа.

Голем камен на сопнување кон вистинска интеграција на децата со Даунов синдром, кои во најголем број случаи се со умерена и лесна интелектуална попреченост, е чинот на нивно запишување во училиште. Со имплементирањето на инклузијата и обврската на редовните училишта да ги запишуваат овие деца, работите како полека да се поместуваат од мртва точка. Сепак, инклузијата и натаму се спроведува стихијно, без вработени дефектолози во редовните училишта. Поради ова родителите што можат финансиски да си дозволат приватно ангажираат дефектолог. Оние што не можат сами го придружуваат своето дете на часовите или, пак, се решаваат за специјално училиште.

decaИскуствата покажуваат дека и во оние општини каде што има вработено дефектолог тоа е недоволно оти тој, како што велат, успева ги отиде во училиштата од еднаш до двапати во текот на еден месец.
Од Министерството за образование велат дека вработувањето дополнителен број дефектолози извесно ќе следува, но дека сега како приоритетно се покажало вработувањето психолози и педагози.

Иако поголем дел луѓе со Даунов синдром се работоспособни, тие, со ретки исклучоци, се невработени и живеат на товар на своите родители. Ретките светли примери се должат на изградената свест на поединци-раководители на компании и трудот и упорноста на нивните родители и роднини да им најдат каква било работа. Искра на надеж во животот на овие семејства внесе и владиниот конкурс за вработување триста граѓани со инвалидност, меѓу кои ќе бидат опфатени и лицата со Даунов синдром.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека во рамките на акцијата за вработување триста граѓани со инвалидност, во преелиминациската листа има околу 70 лица со интелектуална попреченост, но не знаат колку точно од нив се со Даунов синдром.

Од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ алармираат дека кога станува збор за вработување, искуството покажува дека лица со интелектуална инвалидност се најмаргинализирани.

Грижата за лицата со интелектуална попреченост останува на плеќите на родителите, ограничувајќи ги нивните можностите за засновање работен однос, што ги воведува во социјален ризик и сиромаштија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top