Се намалува животниот век на македонците

Животниот век во Македонија драстично се намалува. Само за пример во тетовско секојдневно се објавуваат некролози на починати лица, најчесто во третата или четвртата деценија од животот.

grobishta
гробишта

Животниот век во Македонија драстично се намалува. Само за пример во тетовско секојдневно се објавуваат некролози на починати лица, најчесто во третата или четвртата деценија од животот.

Од градските православни гробишта тврдат дека е зголемена бројката на погреби но, загрижува податокот дека голем дел од нив, не ја надживеале нути средната доба од животот.
Семејствата на упокоените помлади лица, велат дека смртта настапила ненадејно или по добиен мозочен удар или од проблеми со крвниот притисок.

grobishtaОд Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека општите податоци говорат дека нездравата животна средина и неквалитетниот начин на исхрана, придонесува да се намалува животниот век.

Тетовци сметаат дека институциите треба превентивно, преку разни мерки и активности да поведат поголема грижа за човековото здравје, а народот условно модерното живеење, да го замени со здрав начин на живот.

Доктор Методи Чепреганов вели дека климата и начинот на исхрана се фактори кои влијаат на животниот век, но најголем виновник за прераните смртни случаи е хроиничниот стрес, со кој се соочува населението во Македонија. Ваквата стресогена состојба е резултат на неквалитетниот начин на живот, од апсект на економски стандарди и полититички и конфликтни ситуации од разновиден карактер. Стресот постепено го слабее одбранбениот механизам кај човековиот организам, кој потоа станува подложен на разни болести со смртни последици.

Дека квалитетниот начин на живот е основен услов за долг живот говори и податокот за просечниот животен век во европските држави. За разлика од кај нас, во Франција просечно се живее околу 85 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top