Цените на бензините од ноќеска на полноќ се намалија за 1,5, а на дизелот за 2 денари за литар.
Ова вчера го соопшти Регулаторната комисија за енергетика, додавајќи дека малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,1 насто.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 62,50 ден/лит.
Новата цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде поевтино за 1,5 денари и ќе се продава за 37,00 ден/лит.
Истовремено малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,564 денари/кг и изнесува 26,762 ден/кг.
Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтата на светските берзи и курсот на денарот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град