Најголемата мака на македонците, „ притисакот“

Со 1,65 милиони реализирани рецепти, лекот “enalapril” е топ број еден најкористен лек за 2012 година.

enap
енап

Со 1,65 милиони реализирани рецепти, лекот “enalapril” е топ број еден најкористен лек за 2012 година.

Тоа е за 7,8 проценти повеќе од 2011 година. Овој лек е во групата на кардиолошки лекови кои делуваат на ренин-ангиотензин системот.
Зголемување на потрошувачката во однос на 2011 има и лекот за смирување Diazepam со 882.013 реализирани рецепти.

diazepamАко се има предвид дека овој лек во многу аптеки се добива и без рецепт, тогаш неговата реална потрошувачка е многу поголема. Токму ваквата потрошувачка на антидепресиви беше иницијатива уште лани министерството за здравство да најави сериозна анализа за зголемената потрошувачка на овие лекови. Дали македонските граѓани се таблетомани или состојбата е реална треба да покажат анализите на релевантните институции.

Речиси еден милион рецепти има и за лекот Pentoxifylline. Минатата година Фондот издвоил и 49,4милиони денари за скапи лекови што е околу 2,5% од вкупните средства за лекови на рецепт. Бројот на рецепти за овие лекови во 2012 година е зголемен за околу 15% во однос на 2011. Најголема потрошувачка по број на рецепти има лекот “cyproterone” со 7.882 реализирани рецепти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top