Најавени студентски протести

Студентите од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за денеска најавија протести пред ректоратот во Скопје, а протести ќе одржат и студентите од Државниот универзитет во Тетово (ДУТ).

univerzitet
универзитет

Студентите од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за денеска најавија протести пред ректоратот во Скопје, а протести ќе одржат и студентите од Државниот универзитет во Тетово (ДУТ).

Скопските студенти бараат укинување на партиципацијата за студентите во државната квота, подобрување на условите во студентските домови и социјалниот стандард.

studentiСтудентите од ДУТ пак ќе протестираат поради одлуката на Владата која што со новиот ребаланс на буџетот, 50 – те милиони денари кои се одвојуваа за Универзитетот ги намали на 40 милиони денари.

Вицепремиерот Абдулаќим Адеми порача дека Владата досега има инвестирано многу во ДУТ и оти се уште инвестира, но истовремено побара одговорно менаџирање на средствата што се одвојуваат за Универзитетот.

„Не можеме да дозволиме од средствата за универзитетот да се финансираат приватни фирми и да се збогатуваат фирмите на поранешниот ректор Сади Беџети“, истакна македонскиот вицепремиер.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top