Сточарите за в среда најавуваат протест поради „неисплаќање на средствата за одземените грла, кои се заболени од бруцелоза и туберкулоза“.
Во соопштението од Федерацијата на Фармери информираат дека протестот ќе се одржи пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Федерацијата на фармерите на Република Македонија неколку пати бараше исполнување на законската обврска на МЗШВ за рефундирање на средства за одземените грла од сточарите, кои се заболени од бруцелоза и туберкулоза според годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2009 год. Сточарите побараа средствата да бидат исплатени најдоцна до 22 декември и бидејќи тоа не е направено од страна на ресорното министерство тие со протест ќе го изразат својот револт“, се вели во соопштението“.
Вкупните побарувања на сточарите изнесуваат 61.007.400 денари (околу милион евра). Се закануваат, доколку средствата не бидат исплатени, наредната година нема да дозволат одземање на грлата, што според нив, ќе се одрази на здравствената состојба на животните и помасовно ширење на болестите во сточарството.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град