Наградата „Мостови на Струга“ во рацете на младиот шкотски поет Хери Мен

Шкотскиот поет Хери Мен е добитник на наградата „Мостови на Струга“, која фестивалот  Струшки вечери на поезија и УНЕСКО во изминатите десет години ја доделуваат за дебитантска поетска книга од млад светски автор.

Heri Men
Хари Мен

Шкотскиот поет Хери Мен е добитник на наградата „Мостови на Струга“, која фестивалот  Струшки вечери на поезија и УНЕСКО во изминатите десет години ја доделуваат за дебитантска поетска книга од млад светски автор.

liftНаградата ја добива за збирката со 18 песни „Лифт“, издание на „Tall Lighthouse“. Ќе му биде врачена во август, на 53-тото издание на фестивалот, на кој лауреат и добитник на главната награда „Златен венец“ е јужнокорејскиот поет Ко Ун.

– Она што е вредна одлика на поезијата на Хери Мен е смелоста со која преку јазичните игри, во своевиден неовангарден стил, успева да изнајде поетски ракурс преку кој ќе бидат поетизирани и навидум непоетските теми, како песните „Ултразвук“, „Проблеми со компјутерот“, „Земја“, „Откритие“… сето тоа изобилство од научни, стручни термини сега е впрегнато во еден современ и модерен поетски јазик, што оваа поезија ја  прави непосредна, комуникативна и актуелна, рече Славе Ѓорго Димоски, претседател на Управниот одбор на фестивалот, соопштувајќи ја одлуката за наградата.

Оваа година биле пријавени 15 книги, а во потесен избор биле збирките поезија на Денис Шкофиќ и Катја Перат од Словенија (земја од која пристигнале пет дела), и авторот од Хрватска Александар Хут Коно.

Директорот на СВП Мите Стефоски на прес-конференцијата рече дека сите пристигнати книги се исклучително вредни и заслужуваат посебно внимание и затоа решиле да бидат претставени во еден поширок избор кој ќе биде промовиран во текот на фестивалот, заедно со другата издавачка продукција на СВП за 2014.

Хери Мен е роден во 1982 во Бакингемшир. Работи како уредник и дигитален издавач. Неговиот глас е позајмен од Харпер аудио за многу книги за деца. Во 2012 ја освоил третата награда  на Меѓународниот поетски фестивал во Кардиф и втора награда на Меѓународниот ПЕН-центар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top