Висока делегација на националната гарда на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот генерал-мајор, Мајкл Дуби се наоѓа во тридневна официјална посета на АРМ и Македонија.
Како што информираат од министерството за одбрана целта на посетата на АРМ од страна на командантот на Националната гарда на Вермонт е разгледување на можностите за унапредување на понатамошната соработка со НГ на Вермонт и согледување на подготвеноста на контингентот на АРМ за престојното заедничко учество со НГ на Вермонт во мисијата ИСАФ.
Домаќин на делегацијата од Вемонт ќе биде генерал-потполковник Мирослав Стојановски, а согласно програмата, предвидено е генералот Дуби да се сретне со Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, со министрите заодбрана и внатрешни работи Зоран Коњановски и Гордана Јанкуловска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град