МВР: Нема украдени AFIS системи

Факт е дека сто пати повторената лага не може да стане вистина, но цениме дека има потреба да укажеме дека не може да се очекува поинаков ефект дури и кога истата невистина ќе биде повторена 101 пат, велат од МВР.

лого
Logo

Нема украдени AFIS системи или било какви системи кои се исчезнати. Според владината одлука на МВР му е доставе еден систем. Во моментов поседуваме еден систем, кој не е украде и не се користи за изработка на лични документи.
Истите прашања во име на СДСМ беа поставени и од Невладини организации и од Фокус и беа навремено одговарани.

masinaВо одговорот до Фокус е посочено дека МВР ја добива опремата со „Одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерството за внатрешни работи“ бр.41-7651/1, донесена од Влада на Р. Македонија на седницата одржана на 22.10.2013 година, објавена и во „Службен весник на Република Македонија“ бр.150/213.

Во неа точно е наведена опремата која што е испорачана, а истата до детал е испратена и во одговорот на барањето кое што уште лани по Законот за слободен пристап до информации го испрати Транспаренси Интернационал.

Договорот со Министерството за образование и наука е потпишан откако Владата ја донесе претходно споменатата одлука врз основа на член 54 став 2од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи („Службен весник на Република Македонија“ бр.8/2005, 150/2007, 35/2011, 166/2012 и 137/2013).

Во прилог ги ставаме на увид и одговорите на барањата од Транспарентност и Фокус. На СДСМ му стоиме на располагање да ја покажеме опремата и да им ги расчистиме сите нејаснотии и сите детали кои очигледно не ги разбрале. Го повикуваме СДСМ доколку има барем еден доказ да го приложи и да каже кој е тој систем што е украден и од кого е украден.
Никогаш не било и нема да биде доволно да се измисли фиктивна кражба и да се донесе одлука во партијата дека истата се прогласува за скандал, афера или криминал, информираат од МВР.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top