Монетета од 50 дени станува 1 денар

Од почетокот на годинава, Народната банка на Македонија официјално ги повлече од оптек, но тие и понатаму нема да исчезнат од нашите животи.

moneta
монета

Од почетокот на годинава, Народната банка на Македонија официјално ги повлече од оптек, но тие и понатаму нема да исчезнат од нашите животи.

Овој „легитимен грабеж“ како што велат граѓаните, нема да прекине бидејќи законски во пресметките тие пак и тоа како ќе се користат. Така, деновиве Регулаторната комисија за енергетика ја намали цената на горивата за 0,5 денари, а и натаму сметката за струја ќе може да ви изнесува 2.300,50 денари, пишува Дневник во денешното издание.
Неодамна Советот на Народната банка донесе одлука за повлекување од промет на кованите пари во апоен од 50 дени. НБМ одлучи најнискиот апоен на денарите во прометот да изнесува 1 денар. Иако сите сфатија дека кованицата од 50 дени конечно оди во историјата, од НБМ објаснуваат дека одлуката за најнискиот апоен на денарите во прометот се однесува само на готовинскиот и безготовинскиот платен промет и на деловните книги.

moneta– Досегот на одлуката не се однесува на утврдувањето цени и тарифи врз основа на соодветни прописи, методологии и тарифни системи. Со други зборови, одлуката не треба да се сфати во смисла дека при формирањето и утврдувањето на цените и тарифите не се користат децимали. Само при плаќањето и наплатата, како и при водењето на деловните книги потребно е износите од 0 до 49 дени да се заокружат на 0, а износите од 50 до 99 дени да се заокружат на 1 денар – објаснуваат од Народната банка на Македонија.
Половина денар не може да не направи сиромашни, но сепак на некои фирми може да им донесе дополнителен приход. При секојдневното плаќање стоки во продавниците и при плаќањето на комуналните услуги, парното, телефонот, струјата, водата, при полнење на гориво често на сметките стои износ кој завршува со 50 дени. И сега кога нив официјално ќе ги нема, трговците како и фирмите што ги наплаќаат своите услуги износот пак ќе го заокружуваат на еден денар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top