Модниот бренд H&M конечно доаѓа во Македонија

Популарниот моден бренд H&M конечно доаѓа во Македонија. Оваа вест има потврда на официјалната веб страна на компанијата каде е најавено дека во текот на 2022 годината H&M планира да отвори свои продавници во Еквадор, Косово и Македонија.

 |   | 

Веста на својот инстаграјм профил ја објави Арсим Папранику, првиот човек на Ист Гејт Мол, со поставување видео на просторот каде треба да се смести продавницита која македонските граѓани долго ја чекаат. Тој најавува дека отворањето ќе биде оваа година.

Компанијата H&M има вкупно 4.801 продавница ширум светот. Групата H&M е семејство на брендови и бизниси, што им овозможува на клиентите да се изразат преку модата и дизајнот и да изберат поодржлив начин на живот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top