МНР : Македонските граѓани да не патуваат во Авганистан

Поради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Република Македонија да не патуваат во оваа држава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

 |   | 

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732 – се наведува во соопштението од МНР.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top