Младите следат турски и англоамерикански серии, покажа истражувањето кое го спроведоа студенти од Центарот за правни и политички истражувања при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.
Младите следат турски и англоамерикански серии, покажа истражувањето кое го спроведоа студенти од Центарот за правни и политички истражувања при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.
Омилена серија им е „Аси”, a омилен лик е Демир. Центарот за правни и политички истражувања заедно со студентите направи истражување на тема „Влијанието на сериските филмови врз младите”. Истражувањето е спроведено во текот на 2013 година.
На прашањето „Каков медиум користите за гледање на ТВ сериите?”, 61% од испитаниците одговориле дека сериите ги гледаат на интернет, а 35% дека ги следат на телевизија. Интересно е дека машкиот пол преферира сериите да ги гледа на интернет, додека разликата во преферирањето на телевизијата како медиум за следење на серии е речиси 2:1 во полза на женскиот пол. 23% од младите секој ден следат серии, 13% изјавиле дека сериите ги гледаат еднаш неделно, двапати до трипати неделно сериите се гледани од 32% испитаници, а само за викендите сериите ги гледаат 14% од испитаниците. Интересно, сериите секој ден ги следат високи 42% од женскиот пол и 46% од студентите.
Најпопуларни се aнглоамериканските серии, кои се преферирани од 40% од испитаниците, а турските серии се омилени кај 37% од младите.
Последните прашања од анкетата се однесуваа на омилената серија и омилениот лик кај младите. Пролетта 2013 година омилена серија кај младите е „Аси”, а омилен лик е Демир. Притоа има целосно преклопување кај машкиот и женскиот пол, како и кај средношколците и студентите. Единствената отстапка е во омилениот лик кај машкиот пол, кои се определиле за Полат Алемдар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град