Брак ќе може да се склучува не само во службените простории на Управата за водење матични книги, туку и на други места, како ресторани, домови, излетнички места. Ова е предвидено со измените на Законот за семејството, кои вчера добија виза од собраниската Комисија за труд и социјална политика.
Оние што ќе сакаат да склучат брак на место по нивна желба, за тоа ќе треба да платат соодветен надоместок, како и да добијат одобрение од институцијата или управителот на објектот и локацијата каде што сакаат да стапат во заеднички живот.
За да се склучи брак надвор од службените простории на Управата за водење на матичните книги ќе се донесе подзаконски акт, со кој ќе треба да се реализираат начинот и висината на трошоците.
Треба да се предвиди начинот на кој ќе се обезбедува превозот на матичарот и матичната книга од службената просторија на Управата за водење на матичните книги до избраното место.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град