Ќе минува ли новиот „Пат на свилата“ низ Македонија?

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески учествува во меѓународната конференција ,,Патишта на свилата: инспирации и можности”, која се одржува денес во Истанбул, Турција.

Миле Јанакиевски
Mile Janakievski

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески учествува во меѓународната конференција „Патишта на свилата: инспирации и можности”, која се одржува денес во Истанбул, Турција.

Миле Јанакиевски„Македонија, со својата географска позиција отсекогаш била стратешка точка за транспорт на Балканот, од причина што се наоѓа на крстопатот на многу рути кои водат од Европа до Азија и Блискиот Исток. Во моментот ние сме посветени и фокусирани на изградбата на нови автопати, нови железнички пруги и модернизација на старите, долж паневропските коридори кои поминуваат низ нашата земја”, рече пред присутните министерот Јанакиески.

На крајот на своето обраќање, министерот Јанакиески истакна: ,,Македонија длабоко ја цени добрата регионална поврзаност и решенијата за добра регионална мрежа. Како крстопат на Балканот, повикувам еден крак од новиот ,,Пат на свилата” да поминува низ Македонија, потпирајќи се на новата и подобрена инфраструктура. Ги повикувам сите држави чии претставници се денес овде, особено оние во регионот на југоисточна Европа да соработуваат на сите нивоа, имплементирајќи проекти кои се од корист за нашите граѓани и кои ќе овозможат подобар економски развој и подобра поврзаност. “

„Патот на свилата” е историска мрежа на меѓусебно поврзани рути во Евроазаија, преку кои се одвивал транспортот на стока од работ на Азија до центарот на Европа во период од речиси 3.000 години.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top