Министерката за надворешна трговија на Обединетите Арапски Емирати Шеика Лубна Бинт Калид Ал Казими, во рамки на нејзината турнеја низ европските земји, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Посетата има за цел унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, пред се соработката на стопански план, како и соработката во други области од зеднички интерес на двете земји.
За време на посетата Ал Казими ќе се сретне со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, со министерот за економија Фатмир Бесими и со министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, при што ќе бидат разменети мислења и ставови по повеќе прашања од билатерален, мултилатерален и регионален карактер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град