Министерот Милошоски во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Европската комисија во Брисел, при што ќе оствари средба со комесарот за проширување Оли Рен.

Antonio Miloshoski
Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Европската комисија во Брисел, при што ќе оствари средба со комесарот за проширување Оли Рен.

Miloshoski i RenНа средбата ќе се разговара за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, за напредокот во спроведувањето на клучните приоритети од Пристапното Партнерство и перспективите за започнување нова фаза во односите со Унијата со отворање на пристапните преговори. Ќе се разговара и за укинувањето на визниот режим на Европската Унија кон Македонија, во светлина на спроведувањето на Патоказот за визна либерализација и оценските мисии што ги реализираа експерти од земјите-членки и Европската Комисија во Македонија во првото тромесечје од оваа година.

За време на посетата на Брисел, министерот Милошоски ќе се сретне и со генералниот директор во Советот на Европската унија Роберт Купер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top