Министерот за одбрана Зоран Коњановски денес ќе оствари средба со професионалните војници и ќе го објасни концептот за Активна резерва.
Овој концепт, според Министерството за одбрана, е во насока на подобрување на статусот на професионалните војници и нивната поефикасна ресоцијализација.
Работната средба на министерот Коњановски и началникот на армискиот Генералштаб генерал-полковник Мирослав Стојановски со професионалните војници е закажана за претпладнево во касарната Илинден.
Професионалните војници бараат Министерството да ја укине старосната граница од 38 години, по која тие го губат правото да работат како професионални војници или да бидат распоредени во друга армиска служба каде староста не влијае на работата.
Доколку тоа не се прифати тие бараат да бидат вработени во други јавни институции или да добиваат одреден надомест додека самите не најдат работа. Само годинава, според нив околу 100 нивни колеги ќе останат без работа, а иста судбина доколку не се изнајде соодветно решение ги очекува и околу 3000 други војници.
Според постојниот Закон за армиска служба, професионалните војници имаат право на четири договори од по три години или максимум 12 години служба во АРМ односно до навршување на 38 години старост.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град