Министерката Јанкуловска на министерска средба во Брисел

Конференција на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ, како и на земјите кандидати за членство во Унијата, почнува денеска во Брисел.

Gordana Jankulovska
Гордана Јанкуловска

Конференција на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ, како и на земјите кандидати за членство во Унијата, почнува денеска во Брисел.

BriselСпоред најавите, на конференцијата, посветена на борбата против трговијата со луѓе, денеска и утре ќе учествува и македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерката ќе има обраќање во рамките на една од сесиите на конференцијата, при што ќе ги презентира досегашните активности и искуства на македонската полиција во борбата против трговијата со луѓе.

Министрите на двете пленарни сесии ќе разговараат за меѓународната соработка за превенција на трговијата со луѓе, за соработката во заштитата и помошта на жртвите од трговијата со луѓе, потоа за соработката меѓу правосудните институции полицијата во оваа област, како и за соработката во заштитата на децата од трговијата со луѓе.

Министерката Јанкулоска заедно со министерот за правда Михајло Маневски по министерката конференција во Брисел, во среда, во Хаг ќе го посетат Јохан Тарчуловски во затворот Шевенинген, а ќе остварат и средба со Јавниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top