Шпанската министерка за одбрана Карме Чакон Пикерас денеска е во официјална посета на Скопје, каде е предвидено да оствари средба со нејзиниот македонски колега Зоран Коњановски.
За време на министерската средба, која е прва од ваков тип, ќе биде потпишан Меморандум за соработка во областа на одбраната, со што ќе се официјализира билатералната соработка помеѓу министерствата за одбрана на двете држави.
Со потпишувањето на Меморандумот се потврдува уверувањето за меѓусебното разбирање, размената на информации и зголемувањето на соработката меѓу двете министерства и вооружените сили, кои се во насока на зајакнување на европската безбедност и меѓународниот мир и стабилност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град