Министерот за одбрана на првиот проширен состанок на земјите од Јадранската повелба

Делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерот за одбрана Зоран Коњановски, ќе учествува на Првиот проширен состанок на министрите за одбрана на земјите од Американско – Јадранската повелба, кој ќе се одржи утре и задутре во Загреб.

Zoran Konjanoski
Зоран Коњаноски

Делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерот за одбрана Зоран Коњановски, ќе учествува на Првиот проширен состанок на министрите за одбрана на земјите од Американско – Јадранската повелба, кој ќе се одржи утре и задутре во Загреб.
Средбата ќе ја отвори хрватскиот премиер Иво Санадер, а потоа на присутните ќе им се обрати министерот за одбрана на Хрватска Бранко Вукелиќ.

Учесниците на состанокот во рамки на двете панел дискусии насловени како „НАТО во Југоисточна Европа: Придонес кон мирот и стабилноста преку евроатлантските интеграции“ и „Операциите за поддршка на мирот и кризен менаџмент: Придонес на земјите од ЈИЕ“ ќе се осврнат на повеќе теми од сферата на безбедноста во регионот.

Jadranska povelba Тие ќе разговараат за предизвиците и актуелните настани во безбедноста во ЈИЕ, новите можности за регионалната соработка во рамки на Американско-Јадранската повелба, улогата на НАТО во регионот преку соработка и помош во реформите на безбедносниот и одбранбениот сектор, проширувањето на Алијансата, како и придонесот на земјите од регионот кон мирот и стабилноста, преку учество во мировни операции во светот.
Овој состанок е прв од ваков тип по вклучувањето на Црна Гора и Босна и Херцеговина во Американско-Јадранската група, кое беше формализирано за време на министерската конференција на ОБСЕ, одржана во декември во Хелсинки.

На средбата освен земјите потписнички на Јадранската повелба ќе учествуваат и министрите за одбрана на Србија, Словенија, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција и Турција, како и високи претставници на Европската унија и на НАТО.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top