Министерот за одбрана во посета на Норвешка

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски престојува во прва дводневна официјална посета на Кралството Норвешка.

Zoran konjanoski
Зоран Коњаноски

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски престојува во прва дводневна официјална посета на Кралството Норвешка.

За време на посетата, министерот Коњановски ќе оствари средба со норвешката министерка за одбрана, Ане Грете Стром Ериксен, со началникот на норвешкиот Генералштаб, генерал Свер Дизен и со претседателот на Парламентарната комисија за одбрана, Јан Петерсен.

Zoran KonjanoskiПроцесот на натамошно проширување на НАТО, учеството во меѓународни операции, безбедносната ситуација во Регионот и можностите за идно јакнење на одличната одбранбена соработка воспоставена помеѓу двете земји, која се одвива преку голем број заеднички билатерални и регионални проекти, се теми на кои македонскиот и норвешкиот министер за одбрана ќе разговараат на најавената средба.

Инаку, Македонија и Норвешка од неодамна дополнително ја зајакнаа одбранбената соработка преку декларирање значаен, заеднички воено медицински придонес во рамките на операцијата ИСАФ во Авганистан. По упатувањето на првиот македонско-норвешки воено медицински хируршки тим во Авганистан во декември 2008 година, во тек се подготовките за упатување на втората ротација на заедничкиот воено медицински тим, кој во Авганистан ќе биде упатен на 2 јуни оваа година.

Посетата на министерот Коњановски на Норвешка следи по минатогодишната прва официјална посета на норвешки министер за одбрана на Република Македонија и е потврда за јакнењето на билатералните одбранбени односи и пријателските релации помеѓу двете земји.

По неодамнешната официјална посета на премиерот на Република Македонија Никола Груевски на Норвешка во ноември 2008 година, посетата на министерот Коњановски на Норвешка е уште една потврда за взаемната определба за јакнење на партнерските и пријателските релации, како и за поддршката на Кралството Норвешка на напорите на Република Македонија за целосно евроатлантско интегрирање.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top