Министерот за образование на конференција во Љубљана

Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска и утре во Љубљана ќе присуствува на Петтата неформална конференција на министрите за образование од Западен Балкан.

Nikola Todorov
Никола Тодоров

Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска и утре во Љубљана ќе присуствува на Петтата неформална конференција на министрите за образование од Западен Балкан.

LjubljanaМинистерот за образование и наука Никола Тодоров денеска и утре во Љубљана ќе присуствува на Петтата неформална конференција на министрите за образование од Западен Балкан, која е дел од програмата на словенечкото претседателство со Комитетот на министри при Советот на Европа.

– Целта е да се развие длабока дискусија за минатиот и иден развој на Болоњскиот процес во земјите од Западен Балкан. Ќе се дебатира за развојните текови и предизвици во обезбедувањето на квалитет во образованието и рамката за квалификации, кои се определени како два основни приоритета за регионална соработка, соопшти Министерството за образование и наука.

Ќе бидат разгледани и можностите за идна регионална соработка во европската високообразовна област.
Домаќин на конференцијата е Министерството за високо образование, наука и технологија на Словенија во соработка со Советот на Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top