Министерот Муса Џафери во работна посета на Словенија

Министерот за локална самоуправа Муса Џафери денеска ќе престојува во работна посета на Словенија, при што ќе оствари средба со својата словенечка колешка Злата Плоштајнер, надлежна министерка за локалната самоуправа и регионалниот развој.

Musa Dzaferi
Муса Џафери

BledИскористувањето на европските фондови, особено тие што се наменети за прекугранична соработка, како и политиката за регионален развој ќе бидат главни теми на разговор на министрите Џафери и Плоштајнер. Во тој контекст ќе биде значајна експертската поддршка што Словенија, како земја членка на Европската Унија, може да ја обезбеди за Македонија, соопшти Министерството за локална самоуправа.

За време на престојот во Словенија министерот за локална самоуправа Муса Џафери  ќе го посети и Центарот за претприемништво, со седиште во Сежана.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top