Министерот Милошоски во посета на балтичките земји

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски од денеска до 27 март ќе престојува во официјална посета на Латвија, Естонија и Литванија.

Antonio Miloshoski
Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски од денеска до 27 март ќе престојува во официјална посета на Латвија, Естонија и Литванија.

Во разговорите со највисоките претставници на трите балтички земји ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и проширување на вкупната соработка, како и за продолжување на поддршката што овие земји континуирано ја даваат на напорите на Македонија за интегрирање во НАТО и ЕУ, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерот Милошоски ќе ги информира соговорниците за актуелната внатрешна состојба во Македонија, претседателските и локалните избори, како и состојбите во регионот на Југоисточна Европа. Во Вилнус, министерот Милошоски е поканет да се обрати на свечената седница на Парламентот на Литванија по повод  пет годишнината од членството на оваа земја во НАТО.

За време на престојот во Латвија, шефот на македонската дипломатија ќе учествува на министерскиот состанок на Адриатик-Балтик-Атлантик (АБА) Иницијативата, на кој ќе бидат разгледани заедничките перспективи на земјите од Западен Балкан, реформите, соработката и интеграцијата во Евро-атланските структури, како и безбедносното опкружување во Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top